Милица Дабовиќ: Ме убива помислата дека на син ми ќе треба да кажам „Стефан, жал ми е што за твој татко го избрав најлошиот човек на планетата“
Милица Дабовиќ моментално се натпреварува во „Срвајвер Србија 2022“ каде е дел од тимот на Црвените (Србија), а од другата страна, нивни противници се Сините (Хрватска). Милица е поранешна професионална кошаркара, првак и Олимпијка, важеше за една од најдобрите кошаркарки во текот на нејзината активна играчка кариера.
Иако во февруари наполни четириесет години, таа и во „Срвајвер“ покажа дека е во завидна спортска форма и дека не ѝ недостасува борбеност. А борбата во нејзиниот живот не фалеше.
Од една страна, животот ја награди со извонреден талент за кошарка. Од друга страна, не ја галеше премногу. Израснала во Херцег Нови, во семејство со четири деца, под будното око на нејзиниот татко, со кого ги направила првите чекори на кошаркарскиот терен.
- Беше многу строг. Не требаше да се мачам и да плачам бидејќи во спротивно ќе ме тепа. Кога бев мала татко ми многу ми ја кратеше косата. Не знам зошто. Додека го правеше тоа плачев. Го прашував дали мора. Се сеќавам дека моите сестри Јелица и Ана не ги стрижеше така, само мене. Можеби затоа што многу сакал да има син.
Имаше блескава кошаркарска кариера, но влегуваше и во конфликти со тренерите, поради што често менуваше тимови. А немаше среќа ни на емотивен план. Момците во кои таа се заљубувала на крај ја покажувале својата вистинска, насилна страна.
Милица беше жртва на злоупотреба, но предавањето никогаш не беше опција. После секој пад, во бизнисот или љубовта, таа стануваше и почнуваше одново. По „киксовите“ со мажите во нејзиниот живот, таа одлучи дека во иднина ќе постои само еден за кој ќе ги симнува ѕвездите од небото, синот Стефан, кога го воспитува како самохрана мајка.
„Често помислувам на изреката: „Да ми е таа возраст со овој ум, би променил сè, од почеток до крај“. Единствено син ми не би го менувала, но би го променила татко му. Работев многу, заработив за стан, автомобил, гардероба. Ништо не ми падна од небо. Но, и тоа имаше своја цена.
Јас не одев во ноќни клубови на 15 години. Никогаш не сум пиела ниту пушела. Никогаш не сум пробала кафе. Никој не го спомнува тоа, но сите се занимаваат со моите тетоважи и ме нарекуваат старлета само затоа што немам проблем да објавам слика во костим за капење“ - искрена е Милица и вели дека еден ден ќе напише автобиографија која ќе ја посвети на син ѝ:
- Ме убива помислата дека еден ден на син ми ќе треба да му кажам: „Стефан, извини што го избрав најлошиот човек на планетата да ти биде татко.“ Кога морав да го бројам секој динар за да купам пелени и леб за син ми, тој ја украде неговата количката и ја продаде. Отсекогаш сум се трудела да бидам добар човек. Искрена сум, трудољубива и сакам да помогнам. Можам да одам по улица со крената глава без никој да покажува со прст кон мене. Си го спасив образот и тоа ми е најважно“.
Нејзината најболна точка и татко на Стефан е нејзиниот поранешен партнер Љубомир Хаџистевиќ, кој, како што тврди таа, лажно ѝ се претставил како Вук Ротен, бизнисмен од Виена.
Со него го добила синот Стефан, а во една прилика низ солзи се присети на се што се случувало кога сфатила дека е измамена.
- Му простив на таткото на Стефан, но себеси никогаш не можам да си простам. Секој пат плачам кога ќе видам што дозволив... Го запознав кога бев најранлива. Верував во бајките дека сонцето сјае по дождот и дека тој ќе биде вистинскиот татко за моето дете. Од сите мажи на овој свет, го избрав најлошиот... Се надевам дека книгата што ја пишувам за мојот приватен живот ќе ми ги залечи раните, бидејќи Стефан кога ќе порасне ќе може да чита кој е неговиот татко, за да не му кажам кога ќе почне да прашува: „Па каде е татко ми?". Сите татковци ги шетаат синовите во паркот кај што одиме, кога ќе видам не знам дали да се смеам или да плачам. Тешко ми е. Кога одам во зоолошка градина го кревам на раменици и се чувствувам како татко и мајка. Мојата сила е таа што ме тера да одам напред. Се надевам дека еден ден ќе се појави некој што ќе ја замени фигурата на неговиот татко - вели Милица.
Спортистката откри дека нејзиниот поранешен партнер повеќе не барал од неа да се гледа со детето, а таа е во контакт со неговата поранешна сопруга. Милица дури ни не била свесна дека тој има уште едно дете, ќерка.
Со кнедла во грлото се сеќава како тој ја ограбил, но како што вели, најтешко и е што во моментите кога немала пари, бившиот ја украл количката во која го возела синот.
-За време на бременоста постојано бев во автобус. Во еден момент тој инсистираше да дојде пред трговскиот центар во кој бевме, јас не го сакав бидејќи не бевме во добри односи. Ме молеше да одам, да му простам. Во тој момент се појави, нè стави во автомобилот, ја стави количката во задниот дел од багажникот. Таа количка ја добив пет дена пред породувањето од другарките, бидејќи немав пари да купам и никогаш повеќе не ја видов. Ја продаде количката на син му за 500 евра кога немав леб да јадам, а семејството и пријателите ми помогнаа. Секој пат велеше дека ќе ги врати и се друго украдено: телефони, злато, пари и се останато. Ми вети и побара да се види со детето, му дозволив, затоа што претпоставувам дека надежта последна умира. Мислев дека детето ќе го смени, не знаејќи дека веќе има дете - раскажуваше Дабовиќ во една прилика.
Ни со претходниот партнер немала доволно среќа, тој ја тепал, ѝ ставал пиштол на глава, трпела насилство неколку месеци по што решила да го пријави и да избега од него.
Но сега сето ова е во минатато и Милица се бори за опстанок во „Срвајвер“ каде е една од најсилните натпреварувачки.
Поврзани вести:
Згоден и успешен: Кој е Горан од „Срвајвер Србија“ 2022 по кој полудеа жените ширум регионот? (ФОТО)
Успешен рагбист, се прослави во спот на Цеца: Стеван е најзгодниот учесник во „Срвајвер Србија“ 2022 (ФОТО)