Згоден и успешен: Кој е Горан од „Срвајвер Србија“ 2022 по кој полудеа жените ширум регионот? (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Месецов повторно почна да се емитува едно од најгледаните забавни натпреварувачки шоуа, „Survivor“. Учесниците се од Србија и Хрватска, а се борат за егзистенција на прекрасен остров во Доминиканската Република.

Еден од натпреварувачите е Горан, кој само што се појави привлече големо внимание и ги шармираше жените во регионот.

Згодниот Горан е роден во Задар, но живее во Загреб, каде дипломирал на кинезиолошкиот факултет, а денес поседува неколку спортски сали. Тој е и предавач на Факултетот за спорт, каде што ги едуцира идните тренери. Активно весла веќе 20 години, па сосема е јасно од каде има толку мускули, на кои „паднаа“ многу дами.

View this post on Instagram

A post shared by  (@goranspaleta)


За себе вели дека е упорна личност која не се откажува додека не го постигне она што го зацртал, а во животот го води желбата постојано да биде подобар. Единственото нешто за што се обвинува себеси е инаетот.

View this post on Instagram

A post shared by  (@goranspaleta)


Колку внимание предизвикал покажуваат и бројните твитови на девојки на оваа тема, а како една од најинтересните се издвоила „Знам каде ќе одам на море годинава“, со што се согласиле и другите девојки кои го забележале згодниот Хрват.

Извор: stil.kurir.rs

*Успешен рагбист, се прослави во спот на Цеца: Стеван е најзгодниот учесник во „Срвајвер Србија“ 2022 (ФОТО)