Успешен рагбист, се прослави во спот на Цеца: Стеван е најзгодниот учесник во „Срвајвер Србија“ 2022 (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Месецов повторно почна да се емитува едно од најгледаните забавни натпреварувачки шоуа, „Survivor“. Учесниците се од Србија и Хрватска, а се борат за егзистенција на прекрасен остров во Доминиканската Република.


Од дваесетмината учесници во шоуто, засега особено се истакна Стеван Стевановиќ од Србија. Покрај неговите физички способности, веќе е прогласен и за најзгодниот и најубав натпреварувач во „Срвајвер“ сезонава.


View this post on Instagram

A post shared by Stevan Stevanović (@steva_rl13)


Стеван покрај тоа што е дипломиран економист, а работи и како личен тренер, тој е и успешен рагбист, а на српската публика ѝ е познат и како модел, а добро запаметено е и неговото појавување во спот на Цеца Ражнатовиќ и Саша Матиќ за нивната дуетска песна „Лажов ноторни“ (02:25 минута)


Стеван е, инаку со години во врска со Милица Дрмоњиќ.

И двајцата имаат куп следбеници на Инстаграм, а често објавуваат заеднички фотографии од нивните патувања. Во интервју за Нова.рс, Милица вели дека не е загрижена како Стеван ќе се снајде во натпреварот, тврди дека љубомора не постои во нивната врска, а единствено што ја загрижува е како нејзиниот сакан ќе остане без храна бидејќи е навикнат да јаде често и во поголеми количини.

View this post on Instagram

A post shared by Stevan Stevanović (@steva_rl13)


Повеќе фотографии од згодниот Стеван:

фoто: instagram