Се исушија за еден месец: Драстична промена на учесниците на „Survivor“ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Учесниците на „Survivor“ и понатаму гладуваат...

За еден месец, колку што трае возбудливото натпреварување „Survivor“, кое се одржува во Доминиканската Република, а се емитува во Србија, на каналот „Нова С“, учесниците речиси се преполовени. Нивните оброци се намалени на еден во текот на целиот ден. Воглавно тоа е кокосот кој го делат, или малку ориз, или некоја поквалитетна гозба во вид на риба, компири или сендвичи - доколку успеат да го победат противничкиот тим во некој од дуелите за продукти.

Од самиот почеток, гладот е нивниот најголем непријател.

Тоа најдобро може да се види во оние неретки моменти кога натпреварувачите пуштаат солзи. Маша Купрешанин, учесничката од црвениот тим, изјави дека е тажна, а најверојатно тоа е така поради тоа што е гладна.

Стеван Стевановиќ, најкрупниот натпреварувач од истото племе кажа дкеа константно чувствува глад и дека кога е во Белград, може да изеде повеќе од 10 јајца за еден оброк. 

Споредувајќи ги нивните фотографии од почетокот на натпреварувањето - разликата е евидентна.

Не можеме да кажеме колку точно килограми имаат изгубено, но затоа можеме да потврдиме дека се „исушени“.

Наѓа Ериќ

фото: Принтскрин / Промо/Survivor

Владимир Говедарица

фото: Принтскрин / Промо/Survivor

Бранко Милошев

фото: Принтскрин / Промо/Survivor

Стеван Стевановиќ

фото: Принтскрин / Промо/Survivor

Ника Ракиќ

фото: Принтскрин / Промо/Survivor

Томислав Рубињони

фото: Принтскрин / Промо/ Survivor

фото: Принтскрин / Инстаграм