Исполнете ги сите ваши итни потреби со дозволеното пречекорување на трансакциска сметка во Халкбанк

Добивај вести на Viber

Предвремено трошење на расположливите парични средства може да му се случи на секој од нас. Во таква непланирана ситуација најчесто се осврнуваме кон барање позајмици од пријатели и роднини или паричен заем од финансиска институција, како би можеле непречено да продолжиме со задоволување на моменталните потреби. Имајќи предвид дека ваквите заеми е потребно да ни бидат достапни во релативно брзо време, наједноставно решение е овозможување дозволено пречекорување на трансакциската сметка. Ваквиот вид на заем се добива без потреба од жиранти и без обемна документација како онаа при подигнување кредит .

Дозволениот минус е најлесното решение за надминување на моменталниот или периодичен недостиг на пари, кон кое луѓето прибегнуваат кога им е потребна готовина за купување, но и за подмирување ненадејни или итни трошоци.

Каматата за овој вид заем се пресметува само за износот на искористените средства. Па така, вие навистина ќе платите камата доколку искористите средства од дозволениот минус. Дозволениот минус е најбрзиот кредитен третман. Тој е лесно достапен, а процедурата за одобрување е едноставна и брза. Веќе по исплатата на првиот личен доход се добива право на дозволено пречекорување.

Халкбанк АД Скопје на своите клиенти кои се во редовен работен однос или примаат пензија преку банката, одобрува дозволен минус и тоа во висина до 3 месечни плати за вработени и до 2 месечни пензии за пензионери. Поднесувањето на барањето е брзо и едноставно и може да се направи во која било филијала на Халкбанк. Каматната стапка е фиксна и изнесува 9,25% на искористениот дел. Меѓутоа, со дозволениот минус самите го одредувате начинот на користењето на средствата и имате целосна контрола над трошоците бидејќи каматата се плаќа единствено за деновите кога сте го искористиле минусот и на износот кој сте го потрошиле.

Затоа, доколку примате плата или пензија преку Халкбанк, аплицирајте и на наједноставен начин дојдете до дополнителни средства за покривање на вашите потреби и обезбедете ја вашата финансиска сигурност.


ПР објава