ИСПОВЕД НА СЛАВНАТА ЕСМЕРАЛДА: Зависноста и болеста на синот го променија мојот живот!
Актерката Летиција Калдерон јавноста секогаш ќе ја памети по улогата во „Есмералда“ која во 90-тите беше хит-сапуница на Балканот. За време на снимањето на популарната серија Летиција имаше 29 години и беше на врвот на својата актерска кариера.
Иако веќе не е толку популарна, 49 годишната актерка и понатаму активно глуми во сапуници. Сепак, дека славата и богатството може да „се удрат од глава“ призна и самата таа која уште во 2014-та открила дека за време на снимањето на „Есмералда“ се борела со зависноста од кокаин.
- Бев млада, на врвот на кариерата, полна со пари и сѐ ми беше достапно. Непромисленоста можеше да ме чини живот -раскажа таа при гостување во една мексичка емисија.
Нејзината борба траеше долго време, а од пеколот на дрогата се извлекла дури кога нејзината најдобра пријателка го изгубила животот поради преголема доза, а наводно умрела на нејзини раце.
Летиција досега беше во два брака. За време на вториот брак со адвокатот Хуано Коладо доби близнаци, Лусијано и Карлос, а се разведе во 2010 година, по осум години заедница. Малиот Лусијано е роден со Даунов синдром, поради што Летиција во 2005 година направи долга пауза во кариерата и се посвети на грижа за синовите.
Иако
болеста на синот имало големо влијание на нејзиниот живот, актерката, како што самата изјави во една прилика, се
помирила со ситуацијата уште од
неговото раѓање и никогаш не се осудила да праша зошто баш нејзе и на нејзиното
дете им се случила таква судбина.