Исповед на жена (35) која го изневерила мажот и така си го спасила бракот: „Тоа е најдоброто нешто што сум го направила, не се каам“

Марта во својата исповед откри како неверството и го спасил бракот и тврди дека не се кае за ништо

Марта имала се‘ што го прави животот убав - сопруг, убава куќа, три деца, добра работа во банка. Нејзиниот сопруг бил лекар со специјализација, кој на 35 години поминувал се повеќе време на работа.

- Добивме близнаци, наместо долгоочекуваната ќерка, две момчиња. Постариот син тогаш имаше седум години, малите пет години. Беше тоа живот без момент на одмор, не знам дали и онака може да се нарече живот – ја започна својата исповед Марта од Полска.

Откако се родиле децата, немале време ни енергија за романтични вечери, вечери со свеќи и разни други работи кои не ги пропуштале и кои често ги правеле.

- Немавме лош брак. Беше таква фаза во нашиот живот што на сите им беше преку глава од се‘ – откри Марта.

Банката во која работела организирала обука во самата централа, од четврток попладне до недела, а Марта била избрана од филијалата да оди. Таа со нетрпение го очекувала ова патување, ги претпочитала дури и здодевните предавања, макар и на неколку дена за да се извлече од се‘ што било заморно. Свекрвата се грижела за децата, Марта спакувала мала патна торба и влегла во автомобилот.

- Мојата свекрва беше златна жена, навистина ни помогна колку што можеше. Моите родители живееја далеку, можев да сметам само на неа – се присети Марта.

Таму пристигнала околу 16 часот и отишла да се пријави во хотелот.

Отишла во својата соба, ги распакувала работите и отишла на плажата покрај езерото. За прв пат по седум години, не ги бркала децата, туку затворила очи и уживала во мирот. 

- Неописливо чувство, без врескање, плачење: „мамо, мамо“. Можев да легнам и да не правам ништо, само да уживам во моментот – вели Марта.

На една од организираните забави по предавањето, Марта запознала атрактивен маж по име Мациек, кој ја замолил да танцуваат заедно.

- Нозете почнаа да ми се вкочануваат, не можам да го опишам чувството. Угледна мажена жена, мајка на три деца, одговорен банкарски работник на одговорна позиција. И тогаш како ништо друго да не постоеше. Само јас и тој и оваа песна - се присетува Марта.

Следните денови ги поминале без да се разделат, а таа едвај чекала да завршат предавањата за да му одлета во прегратка.

И иако понекогаш чувствувала грижа на совест дека можеби згрешила, дека го изневерила сопругот, она што горело во неа било посилно од разумот.

- И двајцата знаевме дека ова е токму овој момент, дека потоа нема да има телефонски јавувања или средби, дека секој ќе си оди по својот пат. Дека никогаш повеќе нема да се повтори. Тогаш имаше таква тага, жалење и копнеж во мене. Мислејќи дека можеби требаше да си го средам животот поинаку, дека оваа „неблагодарна работа“ ме убива. Но, едно нешто што сакав беше да го искористам овој момент до крај – изјави Марта.

Кога се вратила дома, децата ја пречекале на врата, а нејзиниот сопруг дури и подготвил вечера. Тие јаделе брзо, бидејќи тој сакал да прочита некои од најновите студии за лапароскопска хирургија. Марта многу добро се сеќава на овој детаљ.

- Ништо не се смени, се вратив на обврските. Но, се вратив поинаква, повторно верував во мојата женственост, во мојата привлечност. Иако животот не се смени, наеднаш не стана полесен, сепак бев исцрпена и уморна. Но, имав на што да се вратам, се случи извесно време да „отпливам“ од реалноста – заклучила Марта.

Никогаш повеќе не го изневерила сопругот, никогаш немало можност или слична магија како тогаш. Никогаш не се покајала, ништо не се случило, се‘ уште имаат добар брак. Тој е познат доктор, таа е директорка на една од банките. Децата се пораснати, патуваат низ светот. Но, тие три дена со Мациек се едни од нејзините најубави спомени.


Фото: unsplash

Извор: стилкурир