Истрага во САД и Канада: Дали јагодите се причина за епидемијата на хепатитис А?

Добивај вести на Viber

Американските и канадските регулатори за храна ја истражуваат епидемија на хепатитис А, која што може да се поврзе со свежи органски јагоди.

„Не јадете, сервирајте или продавајте свежи органски јагоди FreshKampo или HEB купени помеѓу 5 март 2022 година и 25 април 2022 година, истрагата на ФДА е во тек“, се вели во соопштението на американската Администрација за храна и лекови во соработка со Агенцијата за јавно здравје на Канада и Канадската агенција за инспекција на храна.

Потенцијално контаминираните производи веќе се истечен рок на траење, но регулаторите ги предупредија сите оние кои ги купуваа нивните производи во тој период од наведените производители и потоа ги замрзнаа за да ги консумираат подоцна.

Податоците од епидемиолозите укажуваат дека свежите органски јагоди од споменатите марки биле честа точка за многумина кои се заразиле со хепатитис А по нивното консумирање. Врз основа на ова, експертите заклучиле дека тоа може да биде веројатен извор на инфекција која избила во САД и Канада.

Случаите почнаа да се јавуваат кон крајот на март и траеја до крајот на април.

Според американскиот регулатор, во тој период во САД со хепатитис А се заразиле 17 лица, а 12 од нив биле хоспитализирани. Канадскиот регулатор, пак, пријави 10 потврдени случаи на хепатитис А, а четворица од нив се хоспитализирани. Во Канада, пациентите биле на возраст од 10 до 75 години. За среќа, немаше смртни случаи во САД или Канада.


Фото: фреепик