Истражување открива што се случува со луѓето кои си легнуваат доцна

Добивај вести на Viber

Легнувањето доцна носи ризици по здравјето на луѓето. 

За оние што си легнуваат и се будат подоцна, голема е веројатноста дека ќе починат помлади, велат научници од Универзитетот на Сари во градот Гилфорд, од Велика Британија.

Во истражувањето објавено во „Медикал Експрес“ учествувале повеќе од 433.000 луѓе на возраст од 38 до 73 години, кои биле поделени во четири класи: „утринска“, „умерено утринска“, „вечерна“ и „умерено вечерна“.

Состојбата на испитаниците е следена за период од шест и пол години.