Ивана Кнез со моќна кампања „Од жена за жени“
„Од жена за жени“ е мотото на кампањата на Студио Драма по повод осум години постоење. Модниот дизајнер Ивана Кнез има за цел да ја зајакне моќта на индивидуализмот на секоја жена во Македонија.
„Работам за секоја жена, стојам позади секоја жена, без разлика на нејзината социјална и општествена припадност и статус. Не судам, го оправдувам сечиј избор на секоја жена, бидејќи во тој момент, таа знаела и можела најдобро. Живееме во период каде се појавува една црна дупка за жените, се бориме за права што се по закон на природата наши. Живееме во ера на епитети и погрдни придавки, осуда и површно лицемерие. Жени се свртуваат против жени во секојдневни преписки на социјалните медиуми, најчесто со скриени профили. Поставуваме стандарди, ние жените, кои потоа ги погазуваме во дискусии”- вели Кнез.
Колекцијата е кампањска, наменски светкава и блескава како секоја жена. Се интересира за крој, градба на женско тело и индивидуална структура.
„Верувајте во сопствениот избор и направете го она што најдобро знаете да го правите. Изборете се за своето право, застанете цврсто на нозе после секој пад, истресете го здолништето, наместете ги високите потпетици, вратете си ја блескавата насмевка и проеменете го светот.“ потенцира Кнез.
Колекцијата е кампањска, наменски светкава и блескава како секоја жена. Се интересира за крој, градба на женско тело и индивидуална структура. Секоја жена носи своја уникатна убавина, па така со еднородно блескаво жерсе може да се долови различна приказна.
Жените во кампањата се Кира која има четири години и кога ќе порасне сака да биде модна дизајнерка, Мила има седум години, сака да биде стоматолог, Миа на свои 10 години во иднина ви вила танчерка, Сања, 13 години и би била адвокатка. Останатите се Ангела како студентка, Моника има 24 години и е лајфстајл блогерка, Елена 24 години и е пејачка, Јелена, 30 години, тв водителка која упати порака да ги направете родителите горди, себе си среќни а непријателите љубоморни. Миа, 33 години, мајка, водителка која се опишува како емотивна и исклучително своја. Елена Стефановска 36 години тв автор и водител, урбана, модерна и вљубена во својата професија. Во целата приказна е и Кнез на 32 години, модна дизајнерка и костимограф, сопственик на Драма и Драма Лавкетс.
Кампањата е иницирана од моменталната општествена состојба на секоја жена во секој дел од светот а Драма Студио застанува позади секоја жена, снимана на локација Хотел Арка, фотографија на Fairytale Photography и видео продукција на Argona Produkcija, шминка VD Make Up и фризура Studio Sejmenovski.