Избегнувајте ги овие 12 намирници- полни се со пестициди
Избегнувањето на овошјето и на зеленчукот кои се полни со пестициди е чекор кон здравиот живот, велат шведските научници. Купувањето на целосно органски производи е исто така несигурно, затоа што никогаш нема да најдеме производи кои се стопроцентно органски.
Пестицидите можат да влијаат на поголем ризик од Паркинсовата болест- хроничниот и прогресивниот начин на движење. Меѓународната агенција за истражување на канцер, во 2015 година извести дека глифосфатот, најчесто користениот пестицид на светот најверојатно предизвикува рак.
Децата се поизложени на токсини од возрасните. Меѓутоа, ако само две недели во организмот не ги внесуваме овие 12 вида на овошје и на зеленчук, нивото на токсини во нашето тело значително ќе се намали.
Според научниците, барем две недели во годината не треба да се претерува со јагоди, јаболка, нектарини, праски, целер, грозје, цреши, спанаќ, домати, краставици и пиперки- бабури.
Ако не сте во состојба целосно да ги избегнете барем на две недели, се препорачува добро миење со студена вода.