Излезете од интернет џунглата и шетајте „Низ град“ со Кики Мукаетова- ќе добиете внимание, искрен разговор и позитивни модели на идентификацијa
Телевизијата е медиум кој постојано бара нови, млади и свежи лица. Од таа причина радува одлуката на младата и екстра талентирана Кики Мукаетова да создаде своја емисија, посветена на младите луѓе, но и на нашиот главен град. Искуството на Кики пред телевизиските камери од некои играни телевиски проекти е очигледно, а нејзината младост и шарм одлично се вклопуваат во идејата на овој проект. Да понуди нешто ново и различно, убаво спакувано, со монтажерско-режисерски интервенции, ТВ содржина којашто ќе им биде блиска на младите луѓе и која ќе го привлече нивното внимание во текот на тие 30 минути. Последните истражувања на навиките на младите луѓе во светот и во Македонија покажуваат дека оваа популација се' помалку време поминува пред малиот екран, на сметка на Интернетот и социјалните мрежи.
"Низ град со Кики" е токму таква содржина, наменета за младите, со интересни соговорници, но и со искрена желба и намера да се прикаже убавата страна на градот, која сите ние ја сакаме. Проектот си поставува за цел конечно да ги праша тинејџерите што сакаат, зашто фолго време беа препуштени сами на себе и на Интернет џунглата. Младите насекаде се исти и сакаат внимание, искрен разговор, позитивни модели на идентификација, нова убава музика, нови содржини и нови предизвици кои ќе ги направат да се чувствуваат корисни за својата средина и околина.
"Низ град со Кики" е информативно-забавна емисија за тинејџери, а во неа вешто и ненаметливо се инсертираат и информации од областа на музиката, филмот, театаот, литературата, модаата фитнесот, здравјето... Сето она што е дел од тинејџерското секојдневие. Со брза и динамична монтажа, како и со избрани кратки прашања и одговори на интересните соговорници, се добива ТВ содржина која секако ќе го задржи тинејџерското внимание и ќе го постигне посакуваниот ефект. Да забавува, да информира, но и да претстави нови и интересни луѓе, нови песни, нови идеи...
Уште од првото издание на емисијата, во кое ги видивме одличните водителски вештини на Кики, но и интересните одговори на атрактивната и секогаш искрена Викторија Лоба, станува јасно дека проектот е подолго време подготвуван и е резултат на сериозни истражувања од разни сфери.
Освежување на концептот на емисијата е предизвикот, кој во ова прво издание беше замислен како петминутен избор на гардероба од еден бутик за Викторија, но и за Кики, со буџет од 4 илјади денари..
Забавно, свежо, интересно - доволно за нов ТВ тинејџерски хит.
Доколку ви здодеаа сторињата и фотките на Инста, Фејсбук или Тик Ток, одвојте половина час од вапето тинејџерско време и застанете со далечинското на програмата на МРТ1, секоја сабота во 19 часот. А ако немате таква навика, епизодите на проектот "Низ град со Кики" можете да ги погледнете и на каналите на социјалните мрежи.
Ако големината е во скромноста, тогаш оваа флоскула одговара за личноста на тинејџерката Мукаетова. Можете да имате услови и поддршка да ја реализирате замислата. Но, најбитно е да имате талент, а таа го има во изобилие. Талентот е најголемо орудие против хејтерите и злобните коментари, прашање кое младата водителка го отвори во првата емисија.
Соња Алексоска Неделковска