ИЗРАЕЛКА ГО ПРЕЖИВЕА МАСАКРОТ НА ХАМАС: Потоа се самоуби поради траума
Девојка која го преживеа масакрот на палестинската терористичка група Хамас лани на 7 октомври, се самоуби поради траума.
На нејзиниот 22-ри роденден, Ширел Голан, девојката која го преживеа масакрот во Израел е пронајдена мртва. Нејзината борба со посттрауматско стресно растројство, последица на масакрот извршен од Хамас на 7 октомври 2023 година, заврши со трагедија. Нејзиниот брат Ејал Голан ја обвинува државата Израел за нејзината смрт, тврдејќи дека не ја добила потребната помош, пренесуваат светските агенции.
Таа покажала симптоми на посттрауматско стресно растројство, но според нејзиниот брат, не добила соодветна помош од државата. На нејзиниот роденден девојката се самоубила.
„Државата Израел двапати ја уби сестра ми. Еднаш во октомври, психички, а втор пат денеска, на нејзиниот 22 роденден, физички“, изјави Ејал Голан за локалните медиуми.
Таа лани на 7 октомври со часови се криела во грмушките, а потоа избегала со автомобил со други луѓе. Хамас на фестивалот уби 364 луѓе. Војната уште трае.Извор: Фактор