Израелски милијардер си ја олесни сметката со 1,5 милиони долари за настапот на Мадона

Добивај вести на Viber

Американската поп пеjачка Мадона потпиша договор за настапот на финалето на натпреварот за избор на најдобра песна Евровизија, во Тел Авив во сабота, 18 мај, изјавуваат од израелската телевизија „KAN“.

По пристигнувањето во вторник навечер, познатата ѕвезда се судри со претставниците на Европската радиодифузна унија, бидејќи пробите и почнале без потипишан договор. Мадона, сепак ја одржала пробата во среда, без потпишан договор, а сега е во потполност посветена околу настапот и појавата на Евросонг. Пеjачката одржа и втора проба, која беше затворена за јавноста.

Поп дивата допатува во Тел Авив од Лондон, со приватен авион од израелско-канадскиот милијардер Силван Адамс, кој воедно ќе го плати и нејзинот настап, кој според гласините чини околу 1,5 милиони долари. Мадона е сместена во хотелот „ Dan", каде што целиот петти спрат е резервиран само за неа и за нејзината придружба.

Нејзината придружба вклучува околу 135 луѓе, од нив само 40 се придружни вокали, 25 танчери, техничари, стилисти.