„Ја имаме фотографијата на деценијата“: Бред Пит и Џорџ Клуни позираат во вода и не можеме да им се изнагледаме
Холивудските заводници, а пред се талентираните актери, престојуваа на југот на Франција, каде го вршеа снимањето на кое се чинеше дека многу уживаа.
Пит (60) и Клуни (63) позираа во лежерно, но и вистинско шик издание, додека за новото издание на изданието зборуваа за своето пријателство, кариера и стареење. Тие соработуваа и на најновиот филм „Wolfes“, кој наскоро ќе излезе во кината.
Имаа само убави зборови за нивното пријателство.
Бред оди кај Џорџ за животен совет, додека тој му праќа селфи од снимањето. Бред за нивното пријателство го рекол следново: „Џорџ ќе разбере нешто што никој долго време нема да го разбере, за што не мора ни да зборуваме. Во тоа има одредена доза на утеха“.
„О, боже, мислев дека тоа е новата реклама за филмот на Оушн, „Најзгодните мажи на планетата па сè до Марс“, „Како изгледаат толку жешко, дури и секоја брчка на нивното лице им стои“, се дел од коментарите.
Но, тоа што тие двајца се заедно не е најдобриот дел!
За потребите на фотосесијата за септемвриското издание на магазинот „GQ“, Бред Пит и Џорџ Клуни се фотографираа на плажа во Франција, а интересно е што Бред и Анџелина се заколнаа на својата вечна љубов токму на ова место пред цели 10 години во август 2014 година.
Станува збор за познатата винарија Шато Миравал, за кој поранешната двојка долги години се „влече“ на суд.
Според наводите од судењето кои протекоа во јавноста, Анџелина го прекршила договорот и го продала својот удел во винаријата на руски милионер.
Фото: ИнстаграмИзвор: Оna.telegraf.rs