Ја изгуби битката со злокобната болест: Почина ѕвездата од серијата „Касандра“

Актерката ја загуби најтешката битка - семејството и пријателите се збогуваат со неа

Пријателите и семејството се збогуваат со актерката Нури Флорес, позната на нашата публика по улогата во познатата ТВ серија „Касандра“. Венецуелската ѕвезда ја загуби долгогодишната битка со ракот.


Нури почина на 81-годишна возраст, а имаше долга и плодна кариера. Покрај улогата на Херминија, познатата негативка од „Касандра“, таа играше и во многу други продукции.

Нури ја започна својата актерска кариера во 1959 година, но стана позната две години порано кога беше избрана за Мис на Венецуела.

Освен во „Касандра“, забележителни улоги одигра и во сериите „Духот на Елена“, „Слугинката на Менхетен“, „Ангел одмаздник“, „Гвадалупе“, „Љубов моја“..