Ја изгубивме принцезата која ја очекувавме: Пејачката Данијела Кариќ за тешкиот период по спонтаниот абортус
Даниела Кариќ и Иван Милеусниќ моментално се во Дубаи, каде престојуваат подолго од планираното.
Тие за жал го загубија бебето, но не се предаваат и едвај чекаат да се вратат во Србија.
- Долго време не сме во Србија, но важно е дека сме живи и здрави. Останавме подолго од предвиденото, дојдовме тука да се одмориме, излечиме, но се случи тоа што се случи, продолживме непланирано. Благодарение на чичкото на Даниела, решивме да го продолжиме престојот. Децата се дома и растат со своите врсници во семејството. Ја изгубивме принцезата што ја чекавме со нетрпение, немаше ништо да укаже на тоа дека тоа ќе се случи, но Данијела и јас веруваме во Бога и сигурни сме дека постои причина зошто се случи тоа. Останавме тука еден месец подолго за да закрепне Данијела, добро е. Остана голема лузна и трага и ќе треба време да се опорави - рече Иван,
- Шокирана сум од тоа колку жени го поминале ова (изгубиле бебе), дури и мои блиски пријатели. Многу ми е жал што ова е сè уште табу тема во нашата земја - рече Данијела во „Премиера викенд специјал“.
Во ноември минатата година, пејачката Данијела Кариќ и кореографот и танчер Иван Милеусниќ ја споделија веста дека наскоро ќе имаат заедно уште едно дете, односно дека Данијела е бремена по четврти пат.
Двојката не ја криеше среќата, која за жал не траеше - Иван соопшти дека неговата сопруга имала спонтан абортус.
- Почитувани луѓе и сите оние кои се грижат за мојата сопруга и за мене на убав начин, преживеавме голем шок и тага поради неочекуваната загуба на нашето бебе. Не грижете се, добро сме, фала му на Бога! Бог секогаш ни дава колку што можеме да поднесеме. Животот оди напред и не може да оди назад. Сето тоа е Божја волја и веруваме дека мораше да биде така.
Ги имаме нашите тројца ангели Филип, Моника и Максим на кои треба да им се посветиме и да бидеме тука за нив, насмеани и полни со љубов. Тие сега се сила, мотив и лек за сè. Семејството е најбезбедно место! Ви благодарам на сите за грижата - напиша Иван на Инстаграм соопштувајќи ја веста за загубата на бебето.
Ова беше четврта бременост на Данијела, од првиот брак ги има синот Филип и ќерката Моника, додека со Иван Милеусниќ го има наследникот Максим, кој неодамна го прослави својот прв роденден.
Инаку пејачката Данијела кај нас е публиката ја запозна по дуетот кој го имаше со Елена Ристеска.
извор:GLOSSY