ЈА КОРИСТЕЛЕ И ВО СРЕДЕН ВЕК: Оваа билка го лекува целиот организам
Анѓелика е билка која во народната медицина се користи долго време. Таа има ароматичен вкус, познатае како храна, зачин, но и лек.
Го смирува и нервниот систем и го регулира варењето, поради што добила посебно место кај свештениците во средниот век.
Се препорачува и за заздравување од анорексија и изнемоштеност. Билката се користи и против реума, болест на црниот дроб, жолчката, како и против менструалните болки.
Анѓелика е делотворен експерторанс, бидејќи го поттикнува секретот кај дишните органи. Во нејзиниот состав има масло кое делува против воспаление и ги уништува инфекциите кај бронхитис и воспаление на белите дробови. Билката го спречува и згуснувањето на крвта, затоа се препорачува при лекувањето на тромбоза.
Чајот од оваа благородна билка е корисен за желудникот, прочистување на крв и бешиката. Ги ублажува грчевите во стомакот и хемороидите.