Ја љубеше најубавата жена во светот, а сега не ги трга рацете од 30 години помладата девојка: Дегутантните фотографии го зовреа Инстаграм

Добивај вести на Viber

Винсент Касел, 57-годишниот француски актер и голем шармер, судејќи според неговите претходни врски, максимално ужива со својата нова девојка, убавата Нара Баптиста.

Парот ја слави првата година од врската, а нивната врска очигледно пука од страст, бидејќи ова се фотографиите кои на Инстаграм ги сподели 30 години помладата девојка на Винсент Касел.

Во галеријата има неколку романтични и провокативни фотографии, на кои парот танцува провокативно, се гушка и позира на плажа и песок, заедно готват...


„Ти си моето сонце“, напиша Винсент во коментарот.


Да потсетиме, Касел и 30 години помладата Нара првпат беа фатени заедно кон крајот на минатата година на плажа во Рио де Жанеиро, но се шпекулира дека врската ја започнале малку порано.

Французинот претходно беше во брак со манекенката Тина Кунаки, а се разведоа во април 2023 година, само неколку месеци пред да се дознае за неговата романса со Нара. Интересно е тоа што оваа Бразилка физички наликува на Тина неодоливо. Многумина нивното однесување и врска го нарекуваат одвратно, но некој би рекол дека не се грижат премногу за коментарите.

Касел и Тина во бракот ја добија и ќерката Амазонија, а тој и Моника Белучи, со која беше во брак 14 години, имаат уште две ќерки - Дева и Леони.


фото: Инстаграм