Ја направила оваа фатална грешка со своето куче, па морале да ѝ ги ампутираат рацете и нозете: Почувствувала болки во грбот - тогаш почнал пеколот што едвај го преживеала
Една фатална грешка можела да ја чини живот, а поради неа се соочила со огромни здравствени проблеми, кои довеле до ампутација на нозете и рацете. Мари Трејн од Охајо ги сподели деталите за нејзината тешко искушение.
Само неколку дена по враќањето од одмор морала да земе боледување бидејќи имала болки во грбот и мачнини. Температурата флуктуирала, па се обратила на лекар на 10.05.2019 година. Еден ден подоцна итно била префрлена во друга болница каде започнала нејзината борба за живот.
Доживеала страшни болки во рацете и нозете, машината ја одржувала во живот бидејќи тешко дишела. Поради мистериозна инфекција која ги напаѓала крвните садови на рацете и нозете, како што и било соопштено на 13 мај, морале да и ги ампутираат екстремитетите за да ја спасат.
Семејството одлучило да ја врати Мари во болница каде што најпрво побарала помош за да им биде блиску. На пат од една болница до друга, нејзините најблиски дознале дека таа има капноцитофага каниморсус, бактерија која се наоѓа во плунката на мачките и кучињата, која може да биде фатална за луѓето доколку се заразат. Лекарите веруваат дека бактеријата влегла во нејзиното тело кога кучето и ја лижело рана на раката откако се вратила од одмор.
Пет години подоцна Мари добила уникатна високотехнолошка миоелектрична протеза. „Беше предизвик. Најтешкиот дел беше да научам повторно да одам, но добро сум, добро ми е“, рече Мари.
Лекарот кој ја извршил ампутацијата изјавил дека инфекцијата напредувала брзо и дека нејзините раце и стапала поцрнеле. Нејзиниот сопруг Мет, со кој е во брак 37 години, изјави дека е неверојатно да се види како повторно оди.
„Ја гледаме светлината на крајот од тунелот, само го прилагодуваме она што треба да го направиме. Потребно е само повеќе планирање кога сакаме да направиме нешто“, рече Мет, а докторот додаде: „За да го видиме напредокот што го постигнала во пет години, тоа е како чудо, неверојатно е колку далеку стигна таа“.
За нејзиното лекување беше покрената GoFundMe кампања, голем број луѓе се јавија на помош, пишува LedBible.
Внимавајте ако добиете рана и имате домашни миленици и внимавајте на нивното здравје.
Фото: Принтскрин/ freepik.comИзвор: Zena.blic.rs