Ја оставил сопругата поради нејзната пријателка и сосетка: За деталите од кревет на Стинг и Труди и денес се зборува

Добивај вести на Viber

Сопругата на познатиот пејач Стинг завчера присуствуваше на свеченото отворање на музичкиот настан The Global Festival Gala на италијанскиот остров Искија. Покрај неа не беше познатиот музичар, а најчесто ги гледаме заедно во јавност. Додуша, не толку често како порано, иако приказната за нивната љубов ја интригира јавноста во иста мера како и претходните години.

Еден од најпознатите парови во светот е во брак 30 години. Тие се запознале додека тој бил во брак, а таа била пријателка на неговата поранешна сопруга. „Не сме горди на ситуацијата, но тоа едноставно се случи“, изјави претходно Труди Стајлер за тоа како започнала нејзината врска со познатиот Стинг.


Кога ја запознал Труди, Стинг бил во брак со ирската актерка Френсис Томелти, со која се оженил во 1976 година. Труди и Френсис се запознале додека работеле на продукцијата за претставата „Магбет“ и станале пријатели. Покрај тоа, тие биле и соседи, до 1982 година, кога се дознало за врската помеѓу Стинг и неговата идна сопруга.

„Нејзините очи се бледи, бледо зелени, а преку левиот образ има избледена лузна која изгледа како животинска канџа да ја повредила околу зеницата на левото око. Чудно, лузната никако не ја намалува нејзината убавина. Напротив, изгледа како скршен ангел.“ Стинг подоцна пишува за Труди во својата автобиографија „Скршена музика“, каде исто така откри дека се заљубил во неа штом ја запознал, а познато е дека со години живееле само како соседи (?!).

Познатиот пар ја започнал врската или ја откри набрзо откако првата сопруга на пејачот го роди нивното второ дете. И во 1983 година, Труди остана во блажена состојба со познатиот музичар. Таа потоа му се придружи на турнејата на групата „Полис“ чиј член беше и тој.

„Тоа беше најмалку идеалната ситуација што можете да ја замислите“, рекол еднаш Стајлер за фактот дека Стинг бил оженет и дека била во врска со друг маж, пренесува honey.nine.com.au.

„Ниту еден од нас не се гордее со ситуацијата што се случи - едноставно се случи“, изјавила таа за „Гардијан“, додавајќи: „Се сакавме и живеевме заедно, а потоа се венчавме и имавме уште деца. И тоа е нашата животна приказна“. Истата година кога Труди и Стинг го добија своето прво дете, еден од најпочитуваните пејачи се разведе од првата сопруга.

Стинг има уште три деца во вториот брак.

Приказната за Труди и Стинг ја следи возбудливо продолжение. Неговата изјава дека ужива седумчасовен тантрички секс со сопругата направи вистински бум.

„Идејата за тантрички секс се заснова на духовен чин. Не знам почист и подобар начин на изразување на љубовта на двајца луѓе од таа прекрасна, како што би ја нарекол, светата тајна. Јас стојам зад тоа. Не по седум часа, туку по таа идеја. Седум часа вклучува филм и вечера“, објасни подоцна пејачката.

Труди тогаш изјави дека виновен за ваквите изјави е музичарот Боб Гелдоф, кој дал заедничко интервју со нејзиниот сопруг, додека двајцата пиеле.

„Во еден момент еден новинар ги праша за нивните сексуални способности и Гелдоф рече дека Стинг може да води љубов со часови бидејќи се занимава со јога. А мојот сопруг праша: „Па, не сте слушнале за тантрички секс? Тоа е всушност грижа за партнерот, зголемување на интимноста со него“, вели таа.


Фото: Јутјуб принтскрин