Ја оставила работата како наставничка за да се грижи за момчето: Станувам пред него за да му ја загреам и да му подготвам бањата
Тврди дека никогаш поубаво и посмирено не живеала...
Британката Самер Хокинс (28) работела како наставничка во основно училиште во Лондон, а кога го запознала магнатот за недвижнини Бигс Крис (27), решила да ја напушти работата и да се всели кај него, неколку километри подалеку од главниот град, само за да се грижи за него.
„Секое утро станувам пред Бигс и му го вклучувам тушот, за во туш-кабината да му биде убаво и топло кога ќе влезе. Потоа му правам топло чоколадо и тој ми кажува што сака за појадок. Што ѝ да посака, тоа го добива, без разлика дали е тоа пилешко со ориз или сендвиќ со јајца“ - вели Самер.
Кога ќе го испрати на работа таа почнува со чистење.
„Почнувам со дневната соба, па ги чистам кујната, спалната соба и на крајот бањата. Тоа го правам секој ден, но никогаш не мислам дека е доволно чисто. Подоцна Бигс понекогаш доаѓа на ручек, но прво се јавува да каже што сака, а тоа обично е пица“ - додаде таа.
Попладнето, како што вели го поминува во пазарување и шетање на кучето или пак во теретана. Посетува и козметички салони, а кога Бигс ќе се врати, заедно поминуваат квалитетно време.
„Трепките ги правам на секои две недели, нотките на три, а некогаш одам и во солариум“ - кажа Самер.
„Бигс често ми купува цвеќе, чоколади и плишани мечиња, за да ми се заблагодари за тоа што неговата куќа сум ја претворила во дом, а во посебни прилики знае да ме разгали и со дизајнерски чанти и чевли“ - додаде.
„Немам џепарлак, бидејќи не ми треба. Тој плаќа за сѐ и ми дава пари кога ми требаат, на пример за да платам казна за паркирање. Ако излеземе заедно, ми префрла пари за да си купам нова облека. Секогаш чекам да видам колку ќе ми даде и се држам до тој буџет. Никогаш не го барам тоа, бидејќи не сакам да изгледа како да го искористувам. Зависам од него, но тоа не ми пречи. Тој се грижи за сето она што јас го нарекувам машки работи, вклучувајќи ја хипотеката, комуналиите и гасот, а јас се грижам за него. Понекогаш е како мој син“.
Додека била наставничка, вели дека била под голем стрес. Поради високата кирија еднај се снаоѓала со својата плата и затоа сега е пресреќна и тврди дкеа ништо од тоа не ѝ недостасува, пренесува „Mirror“.
Вели дека сите на почетокот ѝ велеле дека е само домаќинка, но кога со текот на времето виделе колку е среќна, се сложиле со нејзиниот избор.
фото: Принтскрин / Инстаграм