Ја откривме тајната на негуваната кожа на ексклузивна промоција на брендот Elemis

Добивај вести на Viber

Со ексклузивна коктел промоција во ресторанот Daily food&wine во трговскиот центар Зебра, DP LUX GROUP официјален дистрибутер на глобалниот британски бренд Elemis во Македонија ни ја откри тајната на негуваната и убава кожа.

Гостите имаа можност да се запознаат со производите поединечно преку демонстрации на козметичките производи во живо и да учествуваат во интерактивна сесија со прашања и одговори од страна на експертите за убавина од дистрибутерската куќа.

Присутните претставници на медиумите, инфлуенсери и јавни личности дознаа повеќе линиите од брендот: Pro-Collagen , Dynamic Resurfacing и Superfood.

Pro-Collagen линијата е збогатена со комплекс од морски алги за помлад изглед на кожата. Ултра хидратантна есенција која ја на кожата и дава свежина и сјај.

Pro-Collagen cleansing balm е најпознатиот чистач за лице збогатен со 9 есенцијални масла. Ова е првиот чекор во вашата дневна рутина. Неговата 3 во 1 трансформативна текстура започнува како мелем за потхранување, луксузно масло за омекнување и млеко за длабинско чистење на Вашата кожа. Повеќенаменски производ кој ефикасно ја отстранува шминката, длабински чисти и омекнува како маска за лице. Овој балсам ја прави кожата мека, хидрирана и сјајна. Дел од семејството Cleansing Balm се и производите Pro-Collagen Rose cleansing Balm како и Pro-Collagen Naked Cleansing Balm.

Производот кој ги сруши сите рекорди на продаваност е Pro-Collagen Marine Cream. Едно пакување се продава на секои 14 секунди во светот. Тоа е крема за лице која доби многу награди и признанија поради својата одлична текстура, формула која ја негува кожата и дава докажани резултати.

Elemis е еден од најпознатите брендови во категоријата производи наменети за нега на кожа, посветен на истражувања и развој повеќе од 35 години.

Формулите на производите се изградени врз основа на клинички испитувања, сите се создадени со природни мириси и пријатни текстури, со што обезбедуваат луксузно искуство со резултати што можете веднаш да ги видите и почувствувате. Брендот Elemis е посветен на откривањето на тајните за долговечноста на кожата, зајакнувајќи го нејзиниот природен одбранбен механизам и регенеративната моќ.


Брендот се залага за креирање на формула која има интегритет: безбедност и ефикасност пред трендовите, долгорочни резултати и безбедност при користењето.

Производите на брендот Elemis може да ги најдете во Cosmo дрогериите.


Пр објава