Ја погребуваше ќерката, а потоа бебето во ковчегот ја помести раката: 16 часа по официјалната смрт, избезумниот татко дошол до шокантно откритие
Лекарите констатирале смрт кај 8-месечното девојче во раните утрински часови на 19 октомври. На нејзиниот погреб, 16 часа подоцна, шокираните ожалостени ја виделе како се движи. Кристијано Сантос раскажа за ужасите што ги доживеал во еден ден, како и за минливата надеж што се појавила.
Имено, неговото бебе, девојчето Киара Крислејн де Моура Сантос, било прогласено за мртво и ставено во ковчег. Меѓутоа, додека ожалостените се собирале на погребот, забележале дека нејзината рака се помрднала.
Кога братучетка ѝ ги допрела прстите на Киара, таа силно ги зграпчила. Имало присутен фармацевт, кој забележал дека бебето се‘ уште дише, и веднаш повикал брза помош.
Киара била вратена во болница речиси 16 часа откако лекарите констатирале смрт. На приемот имала пулс и ниво на заситеност со кислород од 84 проценти, што барало итна медицинска интервенција. Тие, исто така, не откриле знаци на вкочанетост што обично се јавува помеѓу шест и осум часа по смртта. За жал, веќе било доцна да се спаси девојчето, а нејзиниот живот полека згаснувал.
- Веќе бевме скршени. Тогаш имаше малку надеж... А потоа и тоа исчезна - рекол нејзиниот татко.
Овој шокантен инцидент се случил откако телото на Кјара било однесено од болница во Корија Пинто, во бразилската држава Санта Катарина, во погребално претпријатие. Нејзините родители ја донеле облеката што бебето требало да ја носи во ковчегот, а погребот започнал во 19 часот, само 16 часа откако Киара била прогласена за мртва, пренесува Мирор.
Болницата се соочува со истрага од страна на специјализираната полиција на Бразил, која призна дека соопштиле дека детето починало 16 часа порано, а подоцна повторно ја потврдиле смртта кога бебето било вратено. Градската управа на Кореа Пинто му се извинила на семејството на Киара и ветила целосна истрага со извештај во рок од 30 дена, пренесува Она.
„Општината Кореја Пинто ја повторува својата посветеност да обезбеди најдобра грижа за сите граѓани и потврдува дека, под никакви околности, кој било професионалец не може да издава сертификати или изјави без соодветна проверка на состојбата на пациентот. Исто така, сите здравствени работници постојано се обучуваат за да обезбедат дека животите и благосостојбата на луѓето се секогаш приоритет“, изјавил портпаролот на болницата.
Фото: pexels