Ја примил првата доза на АстраЗенека, но сепак се заразил: Како професорот Трајковски, полесно ја пребродил короната?

Добивај вести на Viber

Професорот од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, го кажува своето искуство како и вакциниран се разболел од ковид 19, но поминал со полесна клиничка слика.

Своето искуство тој го пренесе на својот фејсбук профил.

„Бев еден од првите во државата кои примиле вакцина од Оксфорд/АстраЗенека, а ги опишав и ефектите во првите 30 часа од вакцината. Бев сигурен дека го направив вистинскиот потег со одлуката за вакцинација.

Сега ќе опишам како таа една доза на вакцината ме спаси од тешка форма на болеста, кога веќе не успеа да ме заштити од заразување. А како би ме заштитила кога во Битола 14-дневната инциденца изнесуваше 1.070 случаи на 100.000 жители, цели 9 пати над нивото на многу висок ризик за ширење на зараза, според ECDC? ...“, пишува, меѓу другото Трајковски.

Деталите читајте ги на Фактор, тука