Ја примив првата доза на Синофарм, се чувствувам одлично: Премиерот Заев ги повика граѓаните да се пријавуваат за вакцинација

Точно напладне во Спортскиот центар А1 Арена „Борис Трајковски“, вакцината против Ковид-19 ја прими премиерот Зоран Заев, кој по апликацијата на вакцинта изјави дека ја примил кинеската од производителот „Синофарм“.

- Ја примив првата доза од вакцината на Синофарм, односно ја примив онаа вакцина која беше на ред, јас не бирав, зошто сите вакцини се безбедни, вакцините се тестирани и проверени. Важно е масовно да се учествува во процесот на вакцинација. Се чувствувам одлично и ќе ја продолжам мојата дневна агенда попладне. Ги повикувам сите да се пријават на сајтот „вакцинација.мк“.. Колку побрзо заврши процесот на имунизација, толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател, изјави веднаш по вакцинирањето премиерот Заев.

Целиот текст читајте го на Фактор, тука.