Ја родила на 19 години, сега се како најдобри другарки: Српската пејачка и нејзината ќерка се толку слични што многумина мислат дека се сестри (ФОТО)

Катарина Остојиќ на многу млада возраст роди ќерка, но никогаш не зажали за тоа.

Познатата српска пејачка Катарина Каја Остојиќ стана мајка на само 19 години.

Ќерката Николина ја доби од првиот брак, со Никола Драгојловиќ. Откако ја доби ќерката, таа е исклучително среќна и се труди секој момент да го помине со неа.

View this post on Instagram

A post shared by NIKAY (@itsnikay)



Николина израсна во прекрасно девојче кое, како што велат, со својата убавина ја надминува дури и мајка си. Сега, кога веќе е полнолетна, Николина многу личи на Каја, а на многу нивни заеднички фотографии може да се забележат коментари во кои нивните следбеници се прашуваат дали Николина и Каја се всушност другарки.


Покрај успешната кариера, Каја најмногу се гордее со Николина, а тоа често го истакнува и во објавите на социјалните мрежи.


- Зеницата на моето око. Горда сум на сè што стана и во каква прекрасна жена растеш. Фала му на небесата што пубертетот заврши и сега е толку убаво и лесно да сум ти мајка - напиша Каја. 


Николина созреа и порасна во многу згодна девојка, а дали ќе тргне по стапките на мајка си и ќе се испроба во музиката, останува да видиме.

View this post on Instagram

A post shared by NIKAY (@itsnikay)


извор:GLOSSY

Како изгледа станот кога ќе потрошите 100.000 евра за реновирање: Србинка го покажа секој детал од својот нов луксузен дом