Ја славиме Света Петка, се верува дека сите жени денес мора да направат една работа! А, ова е строго забрането!
Православните верници денеска го слават празникот посветен на преподобната Мајка Параскева, меѓу народот познат како Света Петка.
Кај нас ова е голем празник бидејќи се верува дека света Петка е голема светица која им помагала на болните и сиромашните и на тој ден и се испраќаат молитви за спас од неволји и проблеми.
Исто така, се смета дека ова е женски празник, па карактеристично е што жените од сите вери и нации се обраќаат кон светицата. Често мајките и ќерките, сестрите или пријателите на овој ден одат заедно во црква или манастир посветен на Света Петка. До храмовите посветени на оваа светица, често има извори на лековита вода што луѓето ја земаат со верување дека ќе им ги залечи раните и ќе ги заштити од болести.Луѓето веруваат дека на тој ден жените не треба да месат, готват, шијат, перат облека или да вршат некоја домашна работа за да не го навлечат гневот на светителката.
Во некои региони е обичај девојките да изедат парче торта и да ги чуваат трошките за во текот на ноќта да ја видат својата судбина, односно нивниот иден сопруг.
Има повеќе обичаи поврзани со овој празник - младите девојки треба да берат цвеќе и со нив да го украсуваат својот дом за во него да владее хармонија и мир во текот на целата година. Девојките треба да носат нови фустани за да ги придружува среќата во наредната година.
Исто така, се верува дека оној што ќе го повика Света Петка за заштита, таа повторно ќе се појави во неговиот дом, дури и непоканета, а најмногу пред големи неволји. Најчесто на верниците им се појавува преку соништата.
Ова е молитвата до Света Петка што можете да ја кажете на овој ден, барајќи од неа здравје и среќа.