Ја собори на под и се обиде да ја силува: Страшна снимка од злоставување на фитнес инструкторка во теретана
Напаѓачот бил Ксавиер Томас-Џонс, кој тренирал во истата теретана и кого нападнатата девојка го познавала
Маж се обидел да ја силува фитнес инструкторката и бодибилдерка Нашали Алма додека тренирала во теретана во Тампа, Флорида.
Застрашувачкиот обид за силување и малтретирање се случил на крајот на јануари и бил снимен од надзорните камери во салата.
Напаѓачот бил Ксавиер Томас-Џонс, кој тренирал во истата теретана и нападнатата девојка го познавала. Токму затоа таа му ја отклучила вратата и го пуштила да влезе во теретана вечерта, додека била сама на тренинг.
Меѓутоа, неговата намера не била да тренира, туку да биде злобен, одвратен и ужасен. Тој отишол во просторијата каде што Нашали вежбала и постепено ѝ пришол, стапувајќи во комуникација со неа попатно, сè до моментот кога веднаш дошол до неа и ја нападнал.
Таа се бранела и истрчала во друга соба и му се заканувала дека ќе повика полиција, додека го држела телефонот во раце, но тоа не го спречило во намерата. Тој повторно ја нападнал и овој пат ја соборил на подот и двајцата почнале да се тепаат.
Таа го удирала, го клоцала, обидувајќи се на секој начин да се одбрани, но тој сепак се залетал и нападнал. Во еден момент од тепачката на подот, двајцата стигнуваат до дел што камерата не го фаќа. Сепак, благодарение на нејзината физичка подготвеност и сила, таа успеала да се одбрани и да го натерала да се откаже од својата жестока намера.
Потоа истрчала надвор до најблискиот стан и повикала полиција, која брзо реагирала и го уапсила напаѓачот, кој во станицата признал дека се обидел да ја натера бодибилдерката на секс. Против него е поднесена тужба за сексуална злоупотреба, провала и киднапирање, јавува „Фокс њуз“.
Погледнете го видеото од нападот: (вознемирувачка содржина)
Извор: telegraf.rs