Ја уценуваат Ана Бекута: Или 10.000 евра или...

Според локалните медиуми, во градот се слушаат гласини дека одредени луѓе сакаат да ја уценуваат познатата пејачка Ана Бекута и нејзиниот партнер, политичарот Милутин Мркоњиќ, со видео во кое наводно жестоко се расправаат.

Наводните уценувачи планираат да побараат од пејачката 10 илјади евра, за снимката да не стигне до јавноста.

Имено, како што пишуваат српските медиуми, уценувачите имаат видео од приватна забава каде Ана и Мрка жестоко се скарале, па сега дошле до идеја лесно да заработат пари - на сите социјални мрежи ќе објават видео од кавгата доколку не им се исплатат десет илјади евра.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)


- Засега се зборува и се шпекулира за овие закани и уцени, се уште никој не ја контактирал Ана - започнува медиумскиот извор и додава:

- Патем, ова е видео од забава каде Ана и Мрка имаа „добра“ расправија, чиниите скоро летаа и сето тоа поради некаква љубомора. Знаете како, тие двајца се сакаат како првиот ден, како да се деца, и штом некој ќе им пријде на Ана или Мрка, настанува хаос. Така беше и тогаш, а некои од гостите сето тоа го снимија со радост, а сега, наводно, сакаат да побараат пари од Ана. Дали ќе се случи тоа или не, ќе видиме, но тоа е приказната во последно време - завршува изворот за „Скандал“.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)


Фото: Printskrin/Instagram/anabekuta1

Инстаграм

Извор: Новости магазин