Јана Стојановска: Дечкото ми купува машки парфеми
Актерката Јана Стојановска за себе вели дека не сака многу јака шминка, и кога самата ќе се нашминка, гледа да не избега многу од себе си. Јана, која беше Мис на Македонија за 2007 година има интересен вкус за парфеми.
„ За парфеми сум ужасно комплицирана. Има само два женски кои ми се допаѓаат. Со години го користев “Ченц “ на „Шанел“. После го користев “Војаж” на Хермес. Отсекогаш повеќе сум сакала унисекс, па дури и машки парфеми. Сега ги користам “Аква ди Џио“ и црниот и Л’Хомме” на Ив Сент Лорен, што го добив на подарок од Андрија откако заклучи дека не сакам женски парфеми. Рече : “Ти купив парфем, ама машки е не се секирај“, ни изјави шармантната актерка.
Уште една нејзина интересна навика е тоа што вели дека со себе не носи несесер.
„ Несесер? Па нема несесер. Во чантата во едно џепче носам само кармини со нежна “нуд” нијанса и сјајеви за уста. Обично во автомобил одлучувам што ќе ставам на устата, затоа и ги носам со себе“, додаде Јана.