Јапонски доктор, живеел 105 години, најде рецепт за здравје и долговечност: Ако работите, оваа болест ќе исчезне!

Добивај вести на Viber

Кога почина Шигеаки Хинохара, Јапонија го загуби своето национално богатство.

Шигеаки Хинохара веруваше дека енергијата му дава радост на телото, а не сонот и исхраната.

Овој јапонски лекар живеел 105 години и до неговата смрт работел активно водејќи сметка за своите пациенти.

На 18 јули 2017 година, Јапонија го загуби своето национално богатство. Во текот на животот, Хинохара даде непроценливи придонеси во развојот на здравствената заштита во земјата како доктор и научник.

Тој беше шеф на пет фондации и претседател на “Сент Лук“ во Токио. Исто така, воведе годишни, сеопфатни лекарски прегледи во Јапонија, што придонесе за зголемување на животниот век.

Веројатно се прашувате, како успеа да преживее толку години, додека цело време беше во добра здравствена состојба?

Дали разумно ги комбинирате работата и приватниот живот? НЕ!

Дали доволно спиете? НЕ!, беа одговорите на докторот.

Дали сакате да ја доживеете стотката во добра форма, здраво тело и ум? Можно е – така велеше тој.

Ова се неговите 10 златни совети за постигнување на долг, здрав и квалитетен живот.

1.Енергијата доаѓа од чувство на доброто, не од здраво јадење и многу спиење.

„Сите се сеќаваме дека кога бевме деца, често заборававме да јадеме или да спиеме кога се забавувавме. Верувам дека можеме да го одржиме и тој став како возрасни - најдобро е да не го заморувате телото со премногу правила, како ручек и спиење “, објаснува д-р Хинохара.

2. Пазете се од дебелина!

Д-р Хинохара постојано потенцираше дека 100 години доживуваат луѓе кои не се со прекумерна тежина, и затоа треба да се земат предвид нивната тежина и физичката подготвеност. Не треба да се оптеретуваме со исхраната, но треба да се внимава да не се прејадуваме. На пример, тој пиеше кафе, чаша млеко и сок од портокал со лажичка маслиново масло за појадок. Веруваше дека ова масло е одлично за крв и кожа.

3. Планирајте напред!

Хинохара секогаш имаше целосен распоред за следната година, па дури и планираше за многу повеќе.

 4. Не мора да се пензионирате ако не сакате.

„После 65- годишна возраст, почнав да волонтирам. Учам и посетувам пациенти, дури и во 18 часа на ден и уживам во секоја минута од мојата работа “, рече Хинохара. Ако некој сака да работи повеќе - оставете го да работи. Ако тој не сака, нека се пензионира и се посвети на она што сака да го направи.

5. Споделете знаење и вештини со другите.

Хинохара одржуваше околу 150 предавања годишно. Тој им предавал на сите - од деца на училиште до сериозни претприемачи и доктори. Секогаш стоеше додека зборуваше, а неговите предавања понекогаш траеја по 90 минути. Велеше дека стоењето го прави посилен.

6. Не верувајте во сè што вели лекарот.

Д-р Хинохара верувал дека лекарите не можат да ја лекуваат секоја болест и секој пациент. Тој посочи дека кога лекарот ќе ви препише терапија или преглед, прашајте го дали истото ќе им го препорача на своите роднини. Ако одговорот е негативен, зошто да се изложите на непотребен стрес и страдање? Тој веруваше дека животните и музиката имаат големо влијание во заздравувањето, многу поголемо отколку што мисли медицината.

7. Секогаш користете скали и носете го багажот со себе.

За да останете здрави и витални, заборавете на лифтот. Одберете да одите по скали и обидете се да си го носите багажот со вас. Хинохара одеше по скали цел живот и секогаш прескокнуваше една по една. Скалите и пешачењето се дневна вежба за вашето срце и целото тело.

8. Инспирирајте се секој ден, најдете инспирација.

Прочитајте, пронајдете ги писателите кои ве инспирираат. Така и Хинохара. За него најинспиративна беше песната на Роберт Браунинг. Не мора да се занимавате само со литература. Слушајте музика, уживајте во убава уметност, прошетка по природа ...

9. Болката е мистериозна.

Најефективниот начин да се справите со болка е преку забава. Кога детето ќе се удри, објасни Хинохара, тоа ќе плаче сè додека неговото внимание не го окупира нешто друго. Тогаш заборава на болката. Вака треба да прават возрасните. Болката треба да се удави во забава! Тој веруваше дека кучињата и другите животни со третман треба да бидат донесени во болници, како и музика за да им се помогне на пациентите да се справат со болка.

10. Не собирајте материјални работи.

„Не трошете го животот на акумулираниот материјал, затоа што нема да земете ништо со вас кога и ќе умрете“, беше едноставен одговор на Хинохара за долговечноста.