„Јас сакам точак ко на попот, ти?“: Пастор Филип Иванов од Велес со помош на хумани луѓе им ја оствари желбата на две дечиња

Пасторот на Евангелската црква во Велес, и голем хуманитарец, Филип Иванов, со помош на хумани луѓе израдува две дечиња.

Ова се Сафет и Харун. Ко по обичај, денес повторно поминаа од кај црквата. Знаеш дека доаѓаат уште од километар, оти викаат на цел глас „попеее, тука сиии?“

Додека си седевме на скалите на црквата да каснеме по една-две банани, видоа една бубамара. Сафет ја зема и му вика на Харун: „Ај да ја фатиме, да ѝ кажеме по една желба, па да ја пуштиме да ни донесе тоа... Јас сакам точак ко на попот, ти?“ Ко од пушка, Харун вика: „И јас“.

Во тој момент јас знаев што сака Господ да направам, да ја пуштам „бубамарата“ тука на Фејсбук, па ако некој сака да им ја оствариме желбата - нека ми пише, може да купиме нови, а може и да се најдат користени и здрави.

Сафет е девет години, Харун е пет.
И не, не мора точаците да се баш како тој на попот - сподели пастор Филип, и за само еден ден, благодарение на хумани луѓе успеа да ги израдува дечињата со велосипеди.

- Еве ги денес Сафет и Харун со нови бајкови, тоа „бубамарата“ чуда направи, радости еден тон!
Ви благодарам на тие што земавте учество во ова нешто, Господ нека направи нивнава радост да биде и ваша засекогаш - се заблагодари тој и сподели фотки од среќните дечиња.


фото;facebook