Јас сум амбис пропаст! Денес ја славиме светицата која се збогати како проститутка, па се покаја - грешни жени, молете се вака
Преподобната Пелагија била блудница која решила да стане христијанка, а гревовите ги искупила со умирање во пост. Македонската православна црква денес, 21 –ви октомври го слави нејзиниот ден.
Преподобната Пелагија, според легендата, ја искористила својата убавина за да се уништи себеси и другите. Грешницата им служела на стотици и стотици мажи кои сакале да го искористат нејзиното убаво лице и тело, а со тоа станала богата и целосно независна од нејзиното семејство.
Скоро десет години Пелагија живеела од богатството што го стекнала со блуд, но еден ден слушнала проповед во црквата за „страшниот суд“ и решила радикално да го промени својот живот.
„Јас сум море на беззаконието, бездна на пропаст, мрежа и орудие на ѓаволот. Спаси ме, оче“, ги молела Пелагија свештениците во манастирот да ја крстат за да ја прими верата Христова, но никој не сакал ни да разговара со блудницата, а камоли да и помогне да стане христијанка.
Сепак, архиепископот Христов решил да ја крсти Пелагија и покрај противењето на другите, но и рекол дека мора да се откаже од богатството што го стекнала на нечесен начин. Пелагија го послушала и сите свои пари, стекнати на расипнички начин, им ги подели на сиромашните. Тогаш за да ги искупи гревовите се одлучила за најстрог пост, само на вода.
Иако сите во манастирот ја молеле да се откаже од постот по три години, Пелагија одбила, тврдејќи дека само така може да ги искупи своите гревови и да влезе во царството небесно.
Пелагија умрела на денешен ден во 461 година, а наскоро христијанската црква ја вклучила во редот на светите поради нејзината саможртва и искрено покајание.
Молитвата на Пелагија ја кажуваат грешните жени кои бараат помош и простување на гревовите.
Освен преподобна Пелагија, православните денеска ја слават и преподобната Таисија.
Фото: Денови.мк