Јас сум онаа жена која сопругот ја напушти во 60-тата за да добие дете со дупло помлада девојка: Еве како живеам сега

Добивај вести на Viber

Вирџинија Делука живее во Бостон и работи како психотерапевт, а ова е нејзиното лично искуство кое го сподели со читателите на „Хафингтон пост“...

Денес ви носиме исповед на жена која сопругот ја оставил во 60-тата:

„Повторно да се заљубиш на 47 години и по втор пат да се омажиш на 52 години беше вистинско чудо и помалку застрашувачки. Но, повторно, заљубувањето е секогаш феноменално и застрашувачки.

Ние двајца се грижевме ден за друг - тоа беа мали, неважни работи: јас ставав чаша со вода на неговото ноќно плакарче, а тој секое утро ми дотураше кафе во шолјата.

Често се допиравме како еден на друг да си говориме: тука сум, не грижи се.

Никогаш, никогаш не се сомневав дека ќе остариме еден без друг. Верував дека и во поодминати години ќе имаме добар се*с, ќе се бакнуваме додека патуваме низ светот и дека во далечна, далечна, далечна иднина ќе умреме заедно.

А потоа, на 60 години мојот сопруг ми објави дека сака да има дете со млада жена.

Веднаш ми се раширија колковите, градите ми се спуштија, а брчките ми се продлабочија. Секое уверување и визија за тоа што значи да се биде стара, непосакувана, неважна жена станав јас.

А, само неколку години порано, почнав пропратно да учам за смртта. Не бев опседната, ниту имав некоја конкретна болест, но бев свесна дека мојот живот е ограничен.

Не сакам некој странец да ме капе, поместува, храни и да ми менува пелени, па онака во паника често знаев да се распрашам за домови за стари лица, кремирање и такви работи.

Од друга страна, мојот сопруг не сакаше да зборува за стареењето и смртта. Не сакаше да одбира помеѓу погреб и кремирање. Не сакаше да размислува за тоа. Иако сите кои некогаш живееле на оваа планета умреле или ќе умрат во еден момент - за него тоа беше како лична навреда. Го чувствував тоа.

Не постои правилен начин на стареење. Некои од нас се преплавени од тагата поради изгубената младост. Други се обидуваат да го вежбаат својот пат до вечниот живот. Некои ризикуваат, скокаат од авиони или преминуваат на работите кои некогаш ги плашеле. Многумина ги исполнуваат своите распореди со бескрајни лекарски прегледи.

Јас, на пример, си купував хидрантни крени, магични креми против брчки и програми за вежбање кои ветуваат дека ќе ги намалат килограмите и дека успешно ќе се изборам со гравитацијата.

Читав статии кои предлагаа облека и фризури кои ги сокриваат знаците на стареење. Правев вежби за мозокот, како што е судоки за да се обидам да го спречам заборавот.

А, мојот сопруг избра да го добие своето прво бебе.

Не видов дека доаѓа тоа.

Имав 60 години и помислив: „Како воопшто се разведува денес?“ Но, стапката на разводи за луѓето во САД од 50 и повеќе години е речиси двојно поголема од онаа во 90-тите.

Сите мои планови за староста паднаа во вода. Се сеќавам добро на онаа стара изрека: Човек планира, а Бог се смее. Е, па Бог се смееше, а јас одеднаш се обидов да сфатам како ќе го живеам остатокот од животот без сопругот.

Оваа нова фаза во животот бара поинаков начин на размислување. Сега кога бракот се распадна јас тргнав по нов пат - без разлика дали го сакав тоа или не, почнав да размислувам во тој правец: Што ако на стареењето гледам како на авантура, како на патување во нова земја? Кој знаел по кој пат ќе оди или што ќе открие?

И во тој момент ми се отворија сосема нови патишта.

Кога мојот помлад син од првиот брак се вери, ме праша: „Па, мамо, дали уште веруваш во љубов и брак?

„Да“ - му кажав. „Но, самата љубов не е доволна, мораш да бидеш бестрашен“.

И се случи една смешна работа додека тагував поради заминувањето на мојот сопруг. Открив деа навистина сакам да живеам сама. Повторно си го најдов патот до себе. Да не се ажеме, беше тешко и не е како да ви кажам дека јогуртот е вкусен како и сладоледот, но бев задоволна во врската со себе и луѓето околу мене.

Сфатив дека мојот поранешен сопруг и јас одбравме сосема поинакви патишта до староста.

Приајтелите почнаа да ме прашуваат: „Дали се гледаш со некој?“ И сфатив дека имаат потреба да ми најдат некој. Кога повторно би се заљубила би престанале да се грижат за мене, да ме замислуваат како осамена старица.

Вчера долго седев со внукот на подот и си играв со автомобилчиња, за на шега да кажам: „Не сум сигурна како ќе станам?“

„Вака бабо“ - кажа, прво ставајќи ги рацете на подот, а потоа кревајќи го задникот високо во вис, туркајќи се со рацете.

Толку се смеев. Бев одлучна да станам, дури кога тоа би значело дека ќе морам да го кренам високо задникот.

Секој ден се трудам да направам нешто за себе: сама ја одгледувам градината, барав повисока плата на работа и ја добив, читам и се хранам здраво.

Во глава уште се имам како грациозна, убава жена, а потоа се шокирам кога ќе видам некоја своја фотографија од која ме гледа седа старица.

Но, одбирам да живеам за две заблуди: фотографијата не испаднала добро и странците на улица ме гледаат со воодушевување“.

фото: unsplash.com