Јасмина: Предвремено родените бебиња се најсилните борци, тие се похрабри и посилни од нас возрасните

Добивај вести на Viber

Лука е роден во 26. недела со само 870 грама, а сега е веќе големо момче

Уредна, редовно контролирана, но тешка бременост – така ја објаснува својата породилна приказна 33-годишната Јасмина. Вели дека веста за нејзината бременост била најголема радост во семејствотоДимовски, среќа што со нетрпение ја очекувале. И покрај сите предизвици со кои се соочила, денес таа и нејзиниот сопруг се горди родители на еден тогаш мал борец, сега веќе големо момче Лука. Вели дека ниту на сон не верувала дека нејзиниот мал храбар борец ќе се роди во 27. гестациска недела од бременоста со само 870 грама.

„Неколку седмици по поминување на половината од мојот труднички стаж, јас бев хоспитализирана, со обилно крвавење. За мојата бременост беше задолжена д-р Гордана Петровска, која со голема посветеност и внимание се грижеше за мене. Бев во 25. гестациска неделакога ме хоспитализираа, но некој поита да го види светот. Чинот на породување беше воден од д-р Ирена Шуплиновска, докторка што имаше одговор на секое мое прашање. Посветена и достапна во секој миг. Лука се роди на 16 април, со само 870 грама и 32 сантиметри должина. Мало, слатко бебенце што стана центар на нашиот свет. Следните два месеца, тој ги помина во неонатална интензивна нега. Тие 65 дена беа најтешките во нашиот живот, но тој покажа дека е силен и многу похрабар од нас. Лавовски се бореше да добие на тежина и да ни се придружи. По двапати во денот доаѓавме да го видиме нашиот мал борец, кој љубопитно ѕиркаше од стаклото на инкубаторот. Силни емоции и огромна љубов разменувавме во моментите кога беа нашите средби. Со нетрпение чекавме да дојде мигот кога нема да ни биде ограничено времето за прегратки, гушкања и милувања. А тој пак, Лука, беше толку умен, послушен и даваше сѐ од себе за да порасне и да си дојде дома. Имаше воспоставено одлични навики, кон кои продолжи да се придржува и дома. Никогаш нема да можеме да искажеме толкава благодарност колку што заслужува овој тим. Почнувајќи од медицинските сестри, докторите и помошниот персонал. Тие беа нашата вистинска поддршка во миговите на разделеност.“

По 65 дена на Одделот за неонатална интензивна нега, со наполнети 1850 грама, Лука си заминал дома. Денес има 7 месеци и веќе ги стигнува своите врсници. Тежок е околу 6,5 килограми и постојано е насмеан. Љубопитно набљудува со очињата, барајќи ги мама и тато. А гордите родители, Јасмина и Ѓорѓи, не се двојат од него, сакајќи да го надополнат сето пропуштено заедничко време. Ова е нивниот совет до сите родители на предвремено родените бебиња.

„Не губете надеж, предвремено родените бебиња се големи борци. Тие се похрабри и посилни од нас возрасните. Имајте целосна верба во вашите деца и во тимот што ги води. Ние ги имавме вистинските луѓе во нашиот тим. Полека, но сигурно стигнавме до целта – Лука да си дојде дома. Д-р Душко Фидановски е докторот што ни е во срцето, потполно му веруваме и не би го менувале за ништо на светот. Преблагодарни сме им на д-р Наташа Најдановска-Алуловска, како и на целиот тим медицински сестри. Д-р Алуловска и д-р Фидановски беа постојано со нашиот Лука, искусни и професионални доктори, кои со целото свое знаење и посветеност даваат сѐ од себе за најмалите борци од NICU. Да не постоеjа тие, ќе требаше некој да ги измисли. Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ треба да е горда што ги има во тимот овие големи доктори, но и медицински сестри, кои зрачат со насмевка и со огромна посветеност прават сѐ за нашите деца“ – објаснуваат родителите на малиот Лука.

ПР објава