Јелена е супер девојка: Ване Маркоски се огласи по написите дека е во врска со Спенџарска
Водителот Ване Маркоски вели дека му се забавни написите во медиумите дека тој и неговата колешка од „Канал 5“, Јелена Спенџарска се во врска. Со цел, како што рече „да се насмееме и да си честитаме“, Ване неодамна на својот Фејсбук профил сподели објава од една од Фејсбук групите која вели дека тој и Јелена се во врска, и очекуваат бебе.
„ Дека човековиот мозок е полн со креативни идеи, знаеме, ама се зависи индивидуално од нас во кој правец ќе го усмериме. Некои мозокот го користат за фини нешта, некои за лоши нешта, некои се хранат со озборувања ... Тоа е. Ништо страшно, со оглед на тоа дела секој одлучува каков живот ќе си живее, со каква помисла ќе си легнува и станува од спиење“, ни изјави Ване.
„ Таква ни е и работата што со текот на времето и годините почнуваш да ги разбираш и луѓето кои креираат вакви приказни. Во една прилика прочитав дека тоа го храни со среќа нивниот мозок, поради други работи кои во животот им недостигаат или ги прават несреќни, па затоа нема потреба од замерки, напротив, слатко се изнасмеав како и за сè досега. Секој со својата карма. Живот тече. Јелена е супер девојка. Убава, млада... Ние сме колеги со години и тоа е тоа. Дел од портали си ја изфилувале приказната, што е супер ако им носи кликови, ни со тоа немам проблем. Научив за други приоритети на среќата во животот и искрено немам веќе желба да се враќам во деновивите кога мозокот го хранев со деструктивност. Беа тоа годините кога бев млад. Веќе созреваме и со тоа созрева и нашиот живот и нашите постапки. Некои луѓе разбираат што е животот и го грабаат, дел, многу помал за среќа, решиле да разјаснуваат сè за сите, освен за себе. Нека тераат и уживаат. Нема лутење. Само љубов и позитива. Плус, за да биде уште посмешно, секогаш тие луѓе кои те прават “масакр”, без разлика што и да работиш, бидејќи да не се лажеме, озборувања и глупости има секаде, е баш тие се докажале и покажале како луѓе кои најлесно менуваат ставови и мислења и секој може да влијае на нив“, вели Ване и додава дека затоа веќе не се зема ништо здраво за готово и при срце.
(М.Џ.)