Јелена Карлеуша не остана имуна на овој подарок: Поради еден детаљ ќе ви дојдат солзи на очите

Објавата на пејачката предизвика лавина од коментари...

Пејачката Јелена Карлеуша ги разнежни своите следбеници со емотивната објава, односно со уметничката слика на која се таа со ќерките Атина и Ника Тошиќ, како и покојната мајка Дивна Карлеуша.

Јелена на својот Инстаграм профил сподели уметничка слика која предизвика лавина од коментари, а нема сомнеж дека и таа самата се има разнежнето кога ја видела.

На сликата Карлеуша, нејзината мајка и ќерки имаат дијадеми на главата, пред нив има лавици, а Дивна има и ангелски крилја и е претставена како ангел чувар на Јелена и нејзините ќерки. Тој детаљ дефитивно ќе ве трогне.

„Само кралиците растат други кралици“ - на дното од сликата има јасна порака.

„Прекрасно, пофалби за уметникот“, „Знам колку ја сакаш својата мајка и се расплакав“, „Дивна е вашиот ангел чувар“, „Жени лавици“, „Преубаво“ - се само некои од коментарите.