Јелена Карлеуша во реалноста и на Инстаграм: Што најмногу фотошопира

Јелена Карлеуша вчеравечер на снимањето на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ се појави во светло зелен мини фустан. Иако на видеата се гледаат нејзините „несовршености“, Карлеуша, како и секогаш, ја објави својата верзија на фотографиите на Инстаграм.

Не е тајна дека контроверзната српска пејачка Јелена Карлеуша (42) повеќе го „пегла“ лицето на фотографиите, а тоа се покажа и сега.


Камерите ја „уловија“ додека одеше на снимањето на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, во кое таа е член на жирито.


Таа позираше во светло зелен фустан, а целото внимание „падна“ на деталите, чантата, шминката и високите потпетици на Јелена.

Иако на видеата се гледаат нејзините „несовршености“, Јелена, како и секогаш, ја објави својата верзија на фотографиите на Инстаграм.


Таа го фотошопира лицето, но и нозете. Но, на нејзините обожаватели не им пречи, па затоа и дадоа еден куп комплименти.




Фото. Инстаграм/karleushastar

Видео: Youtube/24 sedam

Можеби ќе ве интересира:

Повеќе од 12 години се во брак: Како изгледаа Јелена и Душко некогаш, а како сега