Јелена Розга е сериозно болна: Веќе не ја крие својата здравствена состојба

Добивај вести на Viber

Во последните неколку месеци таа многу работи, а често и нема доволно време да се одмори правилно, што веднаш влијае на нејзината тироидна жлезда

Јелена Розга со години има здравствени проблеми кои ги држи под контрола со редовна терапија и посети на лекар.

Таа е зафатена со подготовка на нов албум, а има и концерти, па распоредот ѝ е доста полн. Бидејќи е перфекционист во бизнисот, се труди она што го работи да го направи навистина совршено.

Тоа ѝ создава дополнителен притисок и стрес. Таа не крие дека има здравствени проблеми, а сега реши да раскаже што ѝ се случило неодамна.

- Минатиот понеделник бев многу среќна, бидејќи завршив добра работа во студиото. Дојдов дома, го шетав кучето и ми се слоши. Отидов на лекар и испадна дека мојата тироидна жлезда „полудува“, па терапијата се менува... Одвреме-навреме имам проблеми со таа тироидна жлезда, едноставно не ми дава мир. Доктор Пунда, кој ми е ендокринолог, со години коментира - тироидната жлезда ти е жилава, не се дава, иста е како тебе - низ насмевка рече Розга.

Извор: www.espreso.co.rs