Јелена Розга има нова љубов од Србија

Добивај вести на Viber

Иако љубовниот живот го крие подалеку од очите на јавноста, сплитската пејачка Јелена Розга изгледа дека има нова љубов. Хрватските медиуми неодамна објавија дека Розга, по разделбата со музичарот Стјепан Хаусер е во врска со фудбалерот Кристијан Ипша. Најновите информации велат дека Јелена ја бендисал српскиот тенисер Филип Крајиновиќ кој упорно се обидува да се запознае со неа.

„Тој ја следи на Инстаграм и често ѝ ги коментира фотографиите, и таа му возвраќа со коментари и емотикони. Преку заеднички пријатели, повеќе пати се обиде да се запознае со Јелена, и стрпливо го чека моментот кога таа ќе настапи во Белград за да може да си ја исполни желбата. Филип е упорно момче, и она што ќе го науми- сака и да го исполни“, вели пријател на тенисерот за српскиот портал Курир.рс.

За Филип е познато дека сака жени кои се постари од него и имаат изразен сексапил со кој плени токму Розга. Српскиот портал го контактирал ПР менаџерот на пејачката Мато Рончевиќ.

„На таа тема немаме коментар“, одговорил менаџерот. 

Фото: Инстаграм, Марко Табашевиќ