Јелена Спенџарска без грам шминка на плажа: Ништо не е поважно во животот од сопствената среќа

Познатата водителка на утринската програма на Канал 5 телевизија редовно споделува фотографии од нејзините секојдневни случувања, моменти, забава. Но овој пат Јелена Спенџарска ја изненади јавноста и сподели фотки во целосно природно издание, без грам шминка, а покрај објавата таа напиша: 


„Аnd just like that...... со разлетана коса, сол на потемнета кожа, опкружена со луѓе кои го вадат најдобро од тебе, ослободена од шминка, ефекти and other people's opinions .... мојот живот се претвори во филм во кој секој нареден ден е подобар од претходниот... буквално!!!
Јас дури не се чувствувам како истата личност.... се е ×100 подобро и поубаво, толку многу работи се променија, толку нови идеи се родија и кога ќе го почувствувате тоа богатство-нема враќање назад!!!!!
Ништо не е поважно во животот од сопствената среќа, од тоа да ја делиш таа среќа со луѓето околу тебе, да се ослободиш од секакви очекувања и само да се препуштиш на што и да е пред тебе - зашто СЕ Е ЗА ТВОЕ ДОБРО!


Она кое нам ни падна во очи е фотографијата на која во водата, најверојатно има маж, а Спенџарска на истата фотка на Инстаграм стори има ставено срце. Дали тоа е знак дека атрактивната водитрелка не е повеќе сама, останува да видиме.



Фото: Инстаграм - Јелена Спенџарска

Можеби ќе ве интересира: 

Кој изгледа поубаво во костим за капење: Познатите македонки кои имаат 30 години или оние близу 50?