ЈЕЛЕНА: Значење на името и какви се оние кои го носат

Името Jeлена се верува дека потекнува од грчкото „Елене, Хелене“ изворно од „hele“ што значи „сончева светлост, сјајна, блескава“. Според хеленската легенда, тоа било името на најубавата жена во светот, ќерката на Зевс. Во Хомеровата „Илијада“, убавата Елена е жената поради која настана крвавата Тројанската војна.

На ова име му се посветени многу балкански песни. Жените кои го носат ова име се верува дека зрачат каде и да се појават. Нумеролошката вредност за името Јелена е 2.

Луѓето по име Јелена се благи, нежни и мирни по природа. Оваа бројка најмногу носи успех во приватниот живот.

Ова е едно од најпопуларните имиња во светот.