ЈК ТРАВЕЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СВЕТОТ – ITB Berlin
ЈК Травел,
традиционално и оваа година во посета на најголемиот саем за туризам во светот ITB
Berlin, на кој учествуваа повеќе од
190 држави од пет различни континенти.
Овој саем е место каде се среќаваат луѓе од целата туристичка индустрија во светот а од тука започнуваат многубројни соработки и се реализираат многу идеи.
ITB BERLIN е домаќин на туристички работници од 5 континенти и 190 земји, а воедно претставува водечко шоу за патување, бизнис платформа на туристичката понуда за тур-оператори, развивачите на системи за резервации, авиокомпаниите, хотелите, регионите и земјите.
Секоја година ITB Berlin пречекува повеќе од 10.000 изложувачи од над 190 земји и региони.
Со вкупен број од 190.000 посетители во 2024 година, ИТБ Берлин е центарлна атракција за туристичката индустрија и влијае на искуствата од патувањето ширум светот.
„Да се биде дел од ITB BERLIN е чест и задоволство! Во рамките на саемот, оставривме средба со клучни туристички оператори од Шпанија, Грција, Турција, Занзибар, Крит, Санторини, Домениканска Република, како и многу други, а со цел директна соработка и можност за најдобро искуство на нашите ценети клиенти кои сакаат да патуваат на овие дестинации.“ – изјавија од ЈК Травел.
Саемот во Берлин, оваа година беше во боите на Оман, како генерален покровител на центарот на Светот, што беше и главно мото на саемот.
ITB Berlin претставува иновативна платформа во првите редови на индустријата за патување и туризам од 1966 година, и е означен како најголем светски саем за туризам во моментов.
ПР објава