ЈОЦЕ ПАНОВ ВЕЧЕРВА СО СВИРКА ВО ЖИВО ПРОМОВИРА НОВ АЛБУМ

Добивај вести на Viber

Поп-пејачот Јоце Панов,вечерва (четврток) во 20 часот ќе го промовира својот нов албум насловен „Ни Љ од љубовта“. Промоцијата ќе се одржи во скопскиот ресторан „Дион“.

Истиот албум, Панов го промовираше и во Белград, Србија каде што паралелно ја гради музичката кариера заедно со Македонија. По официјалниот дел од промоцијата, Јоце ќе ги почести своите пријатели со настап во живот кој ќе трае до полноќ.


„Многу сум возбуден за вечерашната промоција. Ги поканувам сите коишто се за добра забава да дојдат“, изјави пејачот.

Песната „Ни Љ од љубовта“, тој ја испеа на Скопскиот фестивал во 2014 година. На сцената, на гитара му се придружи српскиот композитор и менаџер Саша Драгиќ, кој е автор на музиката. Автор на текстот е Владо Јаневски, а аранжманот е на познатиот хрватски музичар, композитор и аранжер, Никша Братош. Јоце, поради тоа што песната му е особено драга, реши да ја стави како насловна на новиот албум. 

(М.Џ.)