Јорданка-Даница-Богдана: Честит именден-нека им е вечно името

Добивај вести на Viber

Денес е голем празник - Богојавление-Водици.

Кога Господ Исус наврши триесет години од Своето телесно раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. Почетокот стана со Крштението на реката Јордан. Кога Исус Христос се крштеваше во водата на Јордан, на светот му се објави тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во водата, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата. А кога свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јн. 1, 29) и кога Го потопи и крсти Господа во Јордан, со тоа се покажа и Христовата мисија во светот и патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (потопувањето) и оживеа (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението. Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветување. Зашто настанот на Јордан нè просветлува покажувајќи ни Го Бога како Троица едносуштна и неразделна. И второ, бидејќи секој од крстените во вода се просветлува со тоа што станува восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.

Денес именден празнуваат Данка, Даница, Јордан, Јорданка, Јован, Јованка, Богдан, Бојан, Богомил, Богдана, Данчо.

Јорданка - Значење на името

Името е со еврејско потекло.

Значење на името: Женска форма од името Јордан.

Вообичаено за именден се слави Богојавление - празникот на Крштевањето Господово во реката Јордан.

ДАНИЦА: Значење на името и какви се личностите кои го носат

Старо словенско име, кое потекнува од името за утринската ѕвезда Деница(Даница), која може да ја видите наутро, пред зората. Во преносно значење „јасно, светло, беспрекорно“. 

Кога ќе сретнете некоја девојка и ќе слушнете „Даница, мило ми е“, од друга страна, дали тоа ви мами мала насмевка? За многумина, ова име е весник на радоста, и привлекува многу љубов.

Даница е утринска ѕвезда што го објавува денот и е единствената која се гледа на небото, и навечер и наутро, во раната зора. Се смета за весник на зората и денот, и затоа лицата што го носат ова име симболизираат будење, спокојство, почеток, надеж и се сметаат за носители на добра вест.

Се верува дека лицата што го носат ова име имаат уметничка душа, дека се шармантни, допадливи, ја сакаат природата и животните.

Тие се интелигентни лица, лесно учат и тоа знаење лесно го пренесуваат на другите.

Богдана

женско име

Името е со словенско потекло.

Значење на името: од Бога дадена.