Јована Јеремиќ откри зошто се разведе: „Го оставив сопругот затоа што не ми купи стан и Ролекс“

Водителката неодамна го откри „списокот што секој сопруг мора да го исполни“, а бидејќи нејзиниот не го направил тоа, станал „поранешен“

Јована Јеремиќ повторно ја шокираше јавноста кога призна дека го оставила сопругот затоа што не ѝ купил стан и Ролекс.

Српската водителка неодамна го откри „списокот што секој сопруг мора да го исполни“.

- Кога на маж ќе му родиш дете, тој е должен да ти купи Ролекс, стан во центарот на Белград и најнов автомобил. Ако живее во внатрешноста, тоа мора да е куќа, Ролекс и најнов автомобил. Извини, нека заработи. Мора да ја обезбеди сопругата! - рече Јована.

View this post on Instagram

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)



Затоа нејзиниот поранешен сопруг Воислав Милошевиќ, со кој има дете, стана „поранешен“.

Имено, за време на гостувањето во емисијата „Амид џи“, водителката одговараше на прашањата на Огњен Амиџиќ.

- Јована, дали сопругот ти купи стан, автомобил и Ролекс?

- Не, затоа е бивш - одговори Јована.

Исто така таа кажа дека за да се биде добар маж, не треба да се биде мамин син.

Инаку, Јована имаше и задача да именува двајца од најголемите заводници од српската политичка сцена.

- Синиша Мали, Милош Вучевиќ. Вистински господа и покрај нив секоја жена се чувствува како дама - рече Јована.


Извор: www.telegraf.rs