Јутуб ѕвезда роди дете на 13 години: Ме присилуваа да абортирам, но мојата ќерка ми го спаси животот

Меди нагласува дека токму лошите коментари ја поттикнале да истрае во својата одлука и да стане мајка

Меди Ламберт (17), Јутуб ѕвезда, која живее во Тексас на 13 години, стана мајка на девојче, а периодот на нејзината бременост, како што рече, бил многу трауматично искуство. Честопати добивала разни навреди и многу лоши коментари, а исто така била под голем притисок од околината дека треба да абортира. И покрај упорното настојување на околината да не го зачува детето, таа реши да го роди, а денес вели дека мајчинството е суштината на нејзиниот живот. 

Неодамна, таа раскажа низ што поминала додека била бремена и честопати добивала пораки од разни луѓе кои и праќале контакти со разни клиники за абортус. „Кога останав бремена, бев преплашена од реакциите што ќе следат и навистина имаше толку многу негативни коментари и омраза околу мене. Секој имаше што да ми каже и не се воздржаа. Ми рекоа дека ќе си го уништам животот, тие ми предложија абортус дури и во седмиот месец од бременоста, дури добив пораки дека сакаат смрт за мене и за бебето“, рече младата Американка. 

Меди нагласува дека токму лошите коментари ја поттикнале да истрае во својата одлука и да стане мајка. Нејзиното девојче Еверли, неодамна наполни три години, а младата мајка истакнува дека тоа и го спасило животот.

„Омразата ме натера да тргнам по подобар пат и да им покажам на сите дека можам да бидам најдобрата мајка. Еверли не само што го промени мојот живот, таа ми го спаси животот. Јас се борев со депресија, дури и се обидов да се убијам пред да останам бремена со неа. 

Имав проблем да го најдам своето место на Земјата и да разберам зошто постоев. Кога дознав дека носам бебе, тоа ми даде причина да се борам“, рече оваа мајка тинејџерка.

По породувањето, Меди реши да започне својот канал на Јутјуб каде искрено зборува за својот живот како млада мајка, но исто така им дава совети на сите што поминуваат низ нешто слично. Таа се надева дека нејзиниот канал, кој денес има 1,5 милиони претплатници, ќе им помогне на другите мајки тинејџери да се ослободат од стигматизацијата. 


„Толку многу луѓе мислат дека сум лоша мајка само затоа што сум тинејџерка. Но, јас го имам истиот родителски капацитет како и секој друг на овој свет. Добра мајка е онаа која се жртвува за своето дете. Го жртвував целото мое детство. Јас правам сè за неа. Таа е целиот мој свет", заклучи Меди.


Фото: Инстгарам/Medi Lambert

Можеби ќе ве интересира:

Има 23 години, 11 деца и сопруг милионер: Сакаме уште многу бебиња