Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да му пресуди на туризмот годинава
Од мутациите на коронавирусот ќе зависи и текот на туристичката сезона во земјава. Доколку се појави јужноафриканскиот сој, тој може да ги помати сметките.
Крсте Блажески од ХОТАМ вели дека хотелите на охридско – струшкото крајбрежје се отворени, но скоро и да немаат гости. Блажески објаснува дека и оваа летна сезона ќе биде неизвесна. Според него, таа би требала да почне во мај или јуни, но пресудна ќе биде состојбата со коронавирусот. Сепак, прогнозите не се оптимистични. Можно е и оваа година туризмот да доживее крах.
„Со вакцините уште не знаеме што и како ќе биде, и за вакцинацијата немаме голема надеж. Дали ќе има туристи многу ќе зависи од тоа дали по овој ќе има нов бран, кои мутации ќе се појават. Многу е непредвидливо. Дневно имаме по 10 до 20 починати и тоа не е малку. Србија има вакцини, а пак имаат по 4.000 заболени секој ден. Дури имаше информации за луѓе кои примиле вакцина, а се заразиле. Овде има и многу луѓе кои го прележале вирусот. Сепак треба да се гледа регионално каква ќе биде состојбата“, вели Блажески.
Читајте детали на Фактор , тука.
Фото: freepik.com