,

KОГА ЌЕ ПОМИНЕТЕ 50 ГОДИНИ: Вака мора да се храните за да не се здебелите и разболите

Добивај вести на Viber

Германските нутриционисти предупредуваат дека по 50 години мора да се внимава како жените се хранат. Со текот на годините се менува и метаболизмот. Каква храна луѓето треба да внесуваат зависи и од активноста, а не само од животната доба. Улрике Грохман, специјалист во оваа област вели дека нема некои посебни правила. Со стареењето се намалува мускулната маса, а се зголемува масното ткиво кај луѓето. Се намалува и масата на скелетните мускули. Дали на организмот му е потребна помалку енерија во старата животна доба? Енергетскиот внес е помал и се намалува за 10% кај луѓето од 51 до 75 години. За една деценија се намалува за уште 10%. Околу 50 години телото губи 1 или 2% од мускулната маса. Еден маж од 65 години троши 300 калории помалку при мирување за разлика од младо машко на возраст од 25 години. Луѓето кои јадат избалансирани оброци и во староста нема да имаат потреба да ги менуваат своите навики. За нив додатоци во исхраната не се потребни. Старите луѓе треба да завршат обврски онолку колку што самите можат. Оваа категорија луѓе дневно треба да внесува по литар или литар и пол течност, вклучувајќи тука чај и кафе.